×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Павловски обвини дека нивна активистка добивала пораки со смртни закани за нејзиното дете

    28.10.2021 14:25 | Сузана Николиќ

    Згрозени сме од начинот на функционирање на поединци кои имаат за цел да се закануваат по човечки животи и да ги плашат нашите активисти. Погледнете ги следниве пораки кои се испраќани целиот овој изминат период на жена активист за нејзиното дете во време на кампања за локални избори, кажа идниот советник Николај Павловски од граѓанска иницијатива „За наше Куманово“.

    Павловски обвини дека нивна активистка добивала пораки со смртни закани за нејзиното дете

     Според Павловски пораките почнале да стигаат на 16 октомври 2021, а продолжиле до завчера.

    „Според наши неофицијални информации со кои располагаме, станува збор за лице кое е поранешен осуденик и кое издржувало казна затвор, а во моментов е во штабот на СДСМ. Овој случај е пријавен во Министерството за внатешни работи. Досега имаме пријавено многу случаи во МВР, но оваа институција не реагира. Со кое право вршите закани врз родител жена, мајка на нечие дете испракајќи и порака дека може на нејзиното дете да му биде последен роденден. Вака ли сакате да водите кампања за локални избори! Застрашувачки е тоа што се случува од месец септември досега во Куманово. Јавноста и граѓаните се сведоци со какви се притисоци се соочува граѓанската иницијатива, со  закани, физички напади на кандидати за советници, изнуда на средства во кампања од наш кандидат советник, опструкција на тековни градежни работи на општината, следење, црна пропаганда и многу други валкани методи. Срамота“, изјави Павловски.

    Тој побара МВР да спроведе детална истрага и да го заштити семејството.