×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пази, се снима!

    27.09.2011 12:44 | KumanovoNews

     На Градскиот плоштад деновиве е поставен столб со безбедносни камери. На раскрсницата пред Тутунска банка, пет камери се свртени на сите страни, и ги покриваат двата плоштади.

    Пази, се снима!

     Камерите ги поставило МВР, како дел од проектот што се спроведува во повеќе градови во државата за зголемување на безбедноста на јавните места и на фреквентните сообраќајници. Од СВР Куманово ни рекоа дека тие не се вклучени во реализација на проектот и немаат информации кога ќе започне видео-надзорот на плоштадот и на раскрсниците.

     Дел од граѓаните не се воодушевени од поставувањето на камерите низ градот, бидејќи сметаат дека ќе им се наруши приватноста и ќе се контролира нивното движење. Затоа бараат полицијата навремено да информира од кога ќе почне видео надзорот, бидејќи законска обврска е да се обележат местата што се снимаат.