Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Водата во реките Пчиња и Крива Река е безбедна за капење и рекреација иако е од втора класа.
Мостри на 24 јули се земени од река Пчиња во мерното место во Стрезовце и од Крива Река во Клечовце. Според уредбата за класификација и според прописите за бактериолошко хемиска анализа водата е од втора класа и е добра за рекреација и капење - вели Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје.
Само примероците од река Пчиња земени на 10 јули во близина на бањата во Стрновац се од петта класа и во тој дел треба да се избегнува капење. Величковски смета дека најверојатно шталите, септичките јами и испуштањето вода од бањата довело до зголемено количество на амонијак во водата.