Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 7 точки, од кои дел се извештаи за работа на јавни претпријатија и дел од сферата на урбанизмот.
Дневен ред
1. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период октомври – декември 2020 година;
2. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период јануари – декември 2020 година;
3. Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2020 година;
4. Буџетски календар;
5. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бајрам Шабани“, дел од УБ 57, плански опфат меѓу ул. „Бајрам Шабани“, ул. „Франц Розман“, ул. „Драгојло Диндиќ“ и ул. „Киро Антевски“ - Општина Куманово;
6. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бајрам Шабани“ и дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 57 и УБ 60, плански опфат меѓу пешачка улица, ул. „Младен Стојановиќ“, крак на ул. „Доктор Рибар“ и ул. „Доктор Рибар“ - Општина Куманово;
7. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Бедиње“, дел од УБ 85, плански опфат меѓу ул. „Трајко Јовановски“, ул. „Новопланирана 2“, ул. „Новопланирана 1“ и ул. „Новопланирана 5“ - Општина Куманово.