×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Педесетина невработени добија грант од 5.000 и 10.000 евра за отпочнување на свој бизнис

    20.09.2019 10:19 | KumanovoNews

     Педесетина невработени лица од Куманово, добија неповратни средства во висина од 5.000 или 10.000 евра, за да започнат свој бизнис преку програмата за самовработување, која ја спроведува Владата и УНДП.

    Педесетина невработени добија грант од 5.000 и 10.000 евра за отпочнување на свој бизнис

     Тие денеска потпишаа договор во Центарот за вработување и се обврзаа дека во наредните две години ќе ја развиваат дејноста за која се одлучиле.

    „Со мерката е предвидено да се додели грант за набавка на опрема и репрометерјали во износ од 5.000 или 10.000 евра на невработени лица, коишто имаат добра бизнис идеја и предприемачки способности својот проблем со невработување да го решат на овој начин. Оваа година имаме интерес од речиси сите дејности, прехрамбената, текстилната и чевларската индустрија, услужната дејност, адвокатски канцеларии, здравствени ординации и сметководствени услуги, - изјави Марија Димитриевска, директорка на Агенцијата за вработување во Куманово.

    За оваа мерка аплицирале 116 кумановци. Поради големиот интерес обезбедени се дополнителни средства од буџетот на Агенцијата за вработување на СРМ, преку ребалансот, за уште 27 лица, а дополнително за 10 невработени лица ќе се обезбедат средства преку Швајцарската агенција за обнова и развој.

    „Се очекува оваа година на ниво на Општина Куманово да се регистрираат околу 85 нови бизниси и толку работодавачи, кои ќе креираат нови работни места и ќе ја намалат невработеноста во градот“, - додава Димитриевска.

    Со оваа мерка годинава не е предвидено финсирање на бизниси за такси услугата, финансиските и осигурителни дејности, производство и дистрибуција на оружје и земјоделското производство, со исклучок на органското производство.