×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пендаровски на прославата за 2 Август во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце

    31.07.2023 21:47 | Сузана Николиќ

    Под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“, годинава, се одбележува 2 Август- Денот на Републиката - Илинден.

    Пендаровски на прославата за 2 Август во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце

    По повод чествувањето на денот, кога славиме 120 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност, ќе се одржат низа свечености во организација, но и со учество на државниот врв.

    Традиционално, државни делегации ќе учествуваат во чествувањето. Во Крушево на Мечкин Камен годинава ќе се обрати претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на празнувањето во Скопје на Кале, а претседателот Стево Пендаровски во Пелинце.

    Претседателот на државата Стево Пендаровски во 10:15 часот ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце. Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено цвеќе, по што претседателот Пендаровски, ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма. На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце владината делегација ја сочинуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

    По завршување на официјалното одбележување, во 12 часот претседателот Пендаровски со државно-црковсна делегација ќе замине во манстирот „Прохор Пчински“, каде ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ.