×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пензионерите бараат минималната пензија да биде 18.000 денари

    20.09.2023 18:41 | Сузана Николиќ

    Пензионери од повеќе градови од државава денеска, излегоа на протест пред зградата на Владата, со барање да се зголемат пензиите, а најниската да изнесува 18.000 денари. Истовремено побараа оставки од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

    Пензионерите бараат минималната пензија да биде 18.000 денари

    „Остануваме на барањето сите пензии да се зголемат линеарно за 3.500 денари. Потоа да се изврши нивелирање со кое минималната пензија ќе биде барем 45 отосто од просечната нето плата. Со вакви пензии пензионерите се понижени, тие не можат да имаат достоинствен живот во староста, не можат доволно храна да купат, а да не збориме за здрава храна, а проблем ни е и да ги озбезбедиме сите лекарства кои ни се потребни“, велат пензионерите кои протестираат.

    Согласно податоците од Државниот завод за статистика и ПИОМ за месец јуни минималната пензија изнесува 12.493 денари или 34 проценти од просечната нето исплатена плата. Просечната пензија која во овој момент е помала од минималната плата (19.106 ден) од синдикатот предлагаат да биде 60% од просечна нето исплатена плата, односно истата да изнесува 21.916 ден.