Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на инвалидските пензионери од Куманово утре организира еднодневна екскурзија за своите членови и колеги од другите градови во Меморијалниот центар Пелинце.
На оваа средба на инвалидски пензионери ќе ни се приклучат уште десетина градови од Македонија. Досега од Куманово имаме пријавено 70 наши членови кои ќе присуствуваат на оваа заедничка дружба, а од другите градови очекуваме од 300 до 400 посетители. Немаме посебна причина поради што ја закажуваме средбата, туку скаме сите да се дружиме и размениме мислења, искуства, релаксирано да поразговараме за нашите активности и да го посетиме меморијален центар - рече Симо Ташевски претседател на Здружението на инвалидските пензионери од Куманово.
Покрај Меморијалниот музеј АСНОМ, пензионерите ќе ја посетат и црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане.