Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не во криза и државата не доцни со исплатите кон банките, велат од Минситерството за труд и социјална политика(МТСП).
„Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите“.
Од министерството додаваат дека со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапиле на сила во март 2022 година, и со воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот, пензиите пораснале за околу 21 %. Првото усогласување во септември 2022 година било 6.8%, второто во март 2023 година за 8.4% и моменталната проекција за септември 2023 година е најмалку 6 отсто.
„Ниту едно од овие зголемувања не ја загрози стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите. Тоа е јасен показател на посветеноста кон граѓаните и стратешкиот избор на донесени политики како и долгорочното планирање кое обезбедува стабилност на Пензискиот Фонд, но и сигурност на пензионерите. Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите, и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за истите и во најскоро време ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму. Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креираат страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостатокот на информации кои го имаат, а се со цел да се обезбеди масовност на протестите кои се политички обоени, соопштува МТСП.