×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пешиќ Бошковска: Владата предложи цените во приватните болници за лекување на ковид пациентите да бидат од 40.000 до 305.000 денари

    16.04.2021 10:56 | KumanovoNews

    Владата предводена од СДСМ, ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Со измените се предлага, цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Преку овие измени, трошоците за дијагностицирање и лекување на ковид пациентите ќе се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари, изјави на денешната прес-конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.

    Пешиќ Бошковска: Владата предложи цените во приватните болници за лекување на ковид пациентите да бидат од 40.000 до 305.000 денари

    „Ваквото регулирање на цените во време на пандемија е неопходно, за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромен број на граѓани од земјата. Овие чекори се преземаат за да се озвоможи, здравствените услуги во приватните болници да бидат достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на нашите граѓани. Со измените е предвидено и користење на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа, согласно со состојбата со ковид пандемијата, во име на заштитата на јавното здравје и се забранува преземање на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени установи. Предвидени се и измени во делот на глобите со прекршоци, доколку приватните здравствени установи не постапуваат соглсасно законските одредби. Измените на законот за здравствена заштита наскоро ќе се најдат пред пратениците“, додаде Пешиќ Бошковска.

     Таа изрази жалење, како што рече, по вчерашното нехумано однесување на опозицијата за донесување на 5-тиот сет на мерки за справување со пандемијата, но во исто време, како одговорна партија остануваат посветени на заштитата на јавното здравје без разлика на опструкциите на опозицијата да го покажат спротивното.

    „Во време на светска здравствена криза, очекуваме да преовладее разумот во надминување на истата, а не преку препукување и борба за превласт да се собираат евтини политички поени по грбот на граѓаните“, кажа Пешиќ Бошковска.