×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет кандидати за градоначалник и 13 советнички листи во Куманово

    13.09.2021 10:35 | Сузана Николиќ

    Во Општинската изборна комисија (ОИК) во Куманово доставени се пет кандидатури за градоначалник и 13 советнички листи за престојните локални избори. 

    Пет кандидати за градоначалник и 13 советнички листи во Куманово

    Кандидати за градоначалник имаат партиите: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП и ДОМ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и еден независен кандидат.

    За пополнување на 33 советнички места во Советот на Општина Куманово кандидатски листи доставиле 10 политички партии и три граѓански иницијативи. 

    Независни листи за советници се: „Фронт за урбано Куманово“, „За чисто и хумано Куманово“ и „За наше Куманово“, додека партиски листи доставиле: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Интегра и Мак, Левица, ЛДП и ДОМ, ДУИ, Алијанска на Албанците и Алтернатива, Единствена Македонија, ДПА и Беса.

     Од Општинската изборна комисија велат дека се уште трае процедурата за разгледување на кандидатските листи за градоначалници и советнички листи, по што официјално ќе ги објават.