Мени

Пет медали за КБК „Предатор“ на меѓународен натпревар во Хрватска

10.11.2025 12:32 | KumanovoNews

Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово освои пет медали на престижниот меѓународен кик-бокс куп „Кутина Опен“, кој викендов се одржа во Хрватска.

Пет медали за КБК „Предатор“ на меѓународен натпревар во Хрватска

Оваа година натпреварот се одржа по 26-ти пат и собра над 900 борци од 92 клуба од целиот свет.

Златен медал освои Наум Милановски во јуниорска категорија до 79 килограми. Тој ги победи сите три противници уште во првата рунда, оправдувајќи ја својата репутација и прекарот „Golden Eagle“.

Од клубот велат дека се презадоволни од неговиот настап, истакнувајќи дека Милановски во текот на целата година освојува злато за клубот и градот Куманово.

Сребрен медал освои Никола Николовски во категорија до 84 килограми, а бронзени – Димитар Давитковски, Данило Методиевски и Максим Божиновски.

Без медал, но со вредно искуство, се врати Марио Радевски, кој победи една борба во кадетска почетничка категорија до 63 килограми, но не успеа да се пласира во полуфиналето.

Тренерот на клубот, Јован Крстевски, истакна дека ова било второ учество на „Кутина Опен“, а со освоените пет медали клубот е рангиран на 44-то место во вкупниот пласман.

Од раководството на клубот најавија дека по успешниот настап, овој турнир ќе стане редовен дел од нивниот натпреварувачки календар.