×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петковден со гужви во старата црква - новата не работи од јуни

    27.10.2022 11:11 | Оливера Пешевска

    Празникот „Св Петка“ или во народот позната како Петковден, прва есенска слава го наполни со верници храмот „Свети Никола“  во Куманово.

    Петковден со гужви во старата црква - новата не работи од јуни

    Оние чија домашна слава е токму ова светителка, но и сите други православни граѓани што посакаа да запалат свеќа за здравје и бериќет, како што налага традицијата.

    Беа забележливи редиците за влез во црквата и за палење на свеќи, додека за сечење на славскиот колач иако имаше многу заинтересирани работата одеше тековно и без поголеми задржувања.

     „Беше навистина организирано, културно, пристојно се чекаше ред, служителите љубезни и експедативни, како што и доликува на црковен храм и голем празник“ , искоментира една наша сограѓанка која по сечењето на славскиот колач побрза дома за да се приготви за одбележување на семејниот празник.

    Но, имаше и верници кои додека чекаа ред, сепак тивко коментираа за турканиците и навалицата.

    „Најголема општина во државата, а функционира со само еден верски објект во центраот во градот. Новата црква не работи со месеци и сега сите сме се собрале и чекаме на едно место. А не можам да стојам, нозете ме болат“- реагираше повозрасна жена која дошла само да си запали свеќи.

    Црквата „Света Троица“ не работи од јуни и 4 месеци се уште нема информација зошто е затворена. Иако се обидовме да стапиме во контакт со надлежните овластени за контакти со медиумите, одговори не успеавме да добиеме. Телефонските броеви оставени на официјалниот сајт се недостапни. Неофицијално се работи на реставрација и заштита на иконописот.