×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петмина кумановци избрани во новите Централен и Надзорен одбор на СДСМ

    16.05.2021 18:16 | KumanovoNews

     Петмина кумановци од општинаската организација на СДСМ се дел од новите Централен и Надзорен одбор на партијата.

    Петмина кумановци избрани во новите Централен и Надзорен одбор на СДСМ

    На денешниот конгрес членови на ЦО се избрани министерот Оливер Спасовски, Александар Арсиќ, советничките Хана Џеладини и Соња Тодоровска. За член на НО е избран Марјан Спасоваки, директор на Дирекцијата за извршување на санкции.

    Оливер Спасовски се избрани и за потпретседател на СДСМ.

    „СДСМ во наредните четири години ќе продолжи да биде одлучувачка сила која носи државнички одлуки и го движи македонското општество кон напредок, развој и интеграција. Имајќи предвид дека ова е изборен Конгрес на кој ќе се бира нов состав на Централниот одбор, на Надзорниот одбор а потоа и ново раководство партијата, ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои беа дел од досегашното раководство на партијата“, рече лидерот на партијата Зоран Заев на Конгресот.

    Општинската организација на СДСМ испрати 12 предлози за ЦО и тоа: Оливер Спасовски, Мартин Костовска, Александар Арсиќ, Јовица Спасовски, Сашо Костовски, Јовица Ивановски, Лидија Тасевска, Катерина Пешиќ Бошковска, Александра Лазаревска, Хана Џеладини, Драгана Коцевска и Соња Тодоровска. На списокот предлози за надзорен одбор се наоѓаат Марјан Спасовски, Атина Мургашанска, Драган Петровски, Дарко Ристовски и Влатко Алексовски.

    Изборот на кандидати за највисоките партиски тела ги скара сопартијците, бидејќи на листата не се најдоа предлозите на градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот Атина Мургашанска.