Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски, денеска ги повика граѓаните во недела да го искористат своето уставно право и со својот глас да одлучат во какво Куманово сакаат да живеат.
Тој вели дека кандидатите за градоначалник Максим Димитриевски и Олиевер Илиевски, кои потекнуваат од иста партија не можат да понудат ништо ново на граѓаните и градот, бидејќи тоа го покажале во изминатите 4 години и предходните 26 додека биле власт во Куманово.
„Наспроти нив кандидатот Тони Михајловски има прекрасна програма, но она што најмногу сакаме да го постигнеме во наредните 4 години и како партија, и кандидатите Тони Михајловски, Елена Доцевска Божиновска и останатите советници, Куманово повеќе да не биде бастион на ниту една партија. Имаме сериозна, издржана и реална програма. Бренд на ВМРО-ДПМНЕ е дека она што ќе го ветиме ќе го релизираме. Затоа гарантираме сериозни проекти, тотално различни од она што го гледаме во изминатите 4 години“, истакна Петрушевски.
Тој вели дека Михајловски иако имаше пех да се зарази од корона и мораше да биде во изолација за време на кампањата, тие како тим покажале како се работи на терен и имаат желба и воља да ја освојат власта во Куманово и да покажат дека граѓаните заслужуваат много подобри услови за живот.
„Затоа ги повикувам кумановци на 17 октомври, во недела, масовно, референдумски да излезат на изборите, да го заокружат бројот 7 за Тони Михајловски за градоначалник и бројот 7 за советничката листа и носител Елена Доцевска-Божиновска“, порача Петрушевски.