Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петстотини кумановци од различни националности се пожалиле во Националниот ромски центар дека им е укината социјалната помош, затоа што лани на сметка добиле пари од роднини од странство.
Од НРЦ на граѓаните им понудиле бесплатна правна помош, а со овој проблем ги запознале и претставниците на Европскиот парламент.
“Им даваме информации на граѓаните за остварување на нивните права. Им нудиме бесплатна правна помош и ги упатуваме до вистинските врати на институциите, каде можат да се пожалат за прекршување на нивните права. Се работи за бројка од околу 500 граѓани кои беа на консултации кај нас. Оваа регулатива е валидна од јануари 2015 година и нема важност од 2014 година. Ниту еден закон во светот, па ни во Македонија не може да важи наназад. Ако е така доаѓаме до тоа да правото не важи никаде и секој си го толкува законот како што сака“ - изјви Ашмет Елезовски, извршен директор на НРЦ.
Елезовски додава дека во оваа ситуација оштетени се граѓаните, кои се на раб на егзистенција.