Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца кумановци, во два одвоени случаи, во почетокот на месец пијани физички се пресметувале со најблиските.
Првиот инцидент се случил во семејна куќа на улицата “Ѓуро Ѓаковиќ“, кога Љ.Ф.(43) пијан без повод и причина ги нападнал своите родители. Откако неговиот син се обидел да го тргне тој го скршил стаклото на влезната врата и се повредил.
Л.М.(53) во алкохолизирана состојба во својата куќа на улица “Ѓорче Петров“ се скарал со сопругата Ј.М. и сакал да ја нападне во што го спречила неговата ќерка.
Двајцата насилници ќе одговараат за кривично дело “загрозување на сигурноста“.