Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пингпонгарката Ива Димитриевска од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“, викендов во Крива Паланка зема прво место, на турнирот “Топ 8“ за младинки.
Со овој успех не само што е прворангирана во пионерска конкуренција, туку е и вторангирана во младинска конкуренција.
“Победени се сите противнички со само три изгубени сета. Прикажана е сигурна и стабилна игра, што за мене како тренер е многу значајно. Од турнир во турнир ги надминуваме грешките кои ги согледуваме. Овој резултат за нас е особено значаен знаејќи дека е во младнска конкуренција, а Ива е сеуште пионерка“ - изјави тренерот Мики Трендафиловски.
Во мај следи учество на државно сениорско првенство, во јуни балканско првенство и неколку турнири во и надвор од границите на Македонија. Трендафиловски потенцира дека сите успеси ги постигнуваат со многу труд, иако се соочуваат со финансиски проблеми.