×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Планинар од Куманово повреден на Шар Планина, неговиот пријател загинал откако паднал во бездна

    09.11.2022 14:17 | Сузана Николиќ

    Ф.Н.(24) од Куманово е планинарот кој вчера беше повреден, а неговиот пријател загина откако падна во бездна при искачување на Шар Планина.    

    Планинар од Куманово повреден на Шар Планина, неговиот пријател загинал откако паднал во бездна

    Според МВР, Ф.Н. синоќа во 17.30 часот пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата тој не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне.

    „Набргу по пријавувањето беше организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место. По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата. Второто лице денеска (9 ноември) претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот“, соопшти МВР.

     

    (Фото: ЦУК)