Планинарите на меморијален марш во Тетово
21.06.2013 14:45
| KumanovoNews
Петнаесет планинари од Спортско планинарскиот клуб “Козјак“ во недела ќе одат во Тетово, каде ќе учествуваат на меморијалниот марш во чест на Марко Илиевски, истакнат спортски работник и планинар.
Во недела наутро планинарите ќе бидат на Попова Шапка од каде ќе тргнат кон Лешница по патеката од планинарски дом “Смрека“, над домот Јелак до Горна Лешница и Долна Лешница.
Овој 18 по ред меморијален марш го организира планинарскиот клуб “Тетекс“ од Тетово.