×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Планинарите од “Козјак 2013“ ќе освојуваат нови врвови

    09.05.2014 12:33 | KumanovoNews

    Членовите на планинарското друштво “Козјак 2013“ во наредниот период ќе се искачуваат на неколку планински врвови.

    Планинарите од “Козјак 2013“ ќе освојуваат нови врвови

    На 18 мај ќе учествуваат на планинарската манифестација “Планинарски крстосници“ на покана на друштвото “Скопска Црна Гора“ која ќе се оддржи на истоимената планина, а патеката е долга околу 20 км.

    Планинарите на 25 мај ќе бидат дел од  33 - то искачување на Титов врв висок 2747 метри во организација на планинарско друштво „Љуботен“ од Тетово. Во почетокот на јуни тие ќе организираат искачување на Боботов Кук висок  2523 метри, на Дурмитор во Црна Гора.

    Во меѓувреме ја посетуваат планина Козјак и се ангажирани за обележување и уредување на планинарските патеки.