Планинарите пошумуваа во Длабочица
24.03.2014 08:57
| KumanovoNews
Планинарите од Спортско планинарски клуб “Козјак“ вчера пошумуваа во селото Длабочица.

Засадени се 200 садници во месноста “Длга њива„. Оваа акција ни е традиционална, ние секоја година било да е тоа на есен или во пролет пошумуваме. Мештаните ни посочија дека месноста “Длга њива„ е оголена и треба да се пошуми - вели Мартин Величковски, секретар на “Козјак“.
Работата акција се организира во соработка со Федерација на планинарски спортови на Македонија и ЈП“Македонски шуми“.