Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Планинарите од планинарското друштво “Куманово“, утре ќе пешачат на релација село Ралево - манастир Зрзе - планинарски дом Стровија.
Патеката е долга 22 км, а планинарењето на оваа релација го организира планинарското друштво “Трансверзалец“ од Скопје.
“Досега не сме биле на оваа релација во прилепско, а манастирот Зрзе е многу интересен, има што да се види и затоа ќе одат најмалку десет наши планинари“ - вели Стојанчо Стефановски, претседател на “Куманово“.
Манастирот Зрзе се наоѓа на 1000 метри надморска височина, во подножјето на планината Даутица.