×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Планината го има последниот збор” изложба на фотографии на Бобан Стефановски

    11.04.2023 08:41 | Сузана Николиќ

    Во  изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии “Планината го има последниот збор” од Бобан Стефановски.

    “Планината го има последниот збор”  изложба на фотографии на Бобан Стефановски

    Бобан Стефановски е планинар и планинарски водич, човекот кој се има искачено на неколку планински врвови низ светот, како и највисоките врвови и кај нас.

    „Ми требаше долго време да ја поминам онаа бариера и да споделам еден мал дел од моите фотографии од моите искачувања. Како што секоја планина е убава, посебна и опасна на свој начин, така и секоја фотографија си има своја убавина и раскажува своја приказна. Секоја од фотографиите претставува одреден фрагмент, одреден момент од она на што јас сум сведок. Фотографијата ги претставува сите мои лични успеси и порази, сите битки низ кои поминувам на планина, без разлика дали се внатрешни или надворешни", изјави Стефановски.

    Преку неговите фотографии тој ни покажува фрагменти од животот на планината, височините и магијата на недостижното кое авторот го достигнал.

    Изложбата ќе биде поставена до 27 април 2023 година.