Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Рамиз Зимбери (24) од Куманово и Ведат Љимани (24) од Черкеско Село, осудени се на по 20 затвор во Основниот суд Куманово, затоа што пред две године го убиле Бранко Петрушевски, сопственик на менувачницата Дај-Дам во центарот на Куманово.
Кривичниот совет ги прогласи двајцата другари за виновни за кривично дело убиството, врз основа на главниот доказ, видео снимки од околните објекти. Осудените пред судот го негирале делото и тврделе дека тие не се познаваат и не постоел договор за убиство на Петрушевски.
Убиството се случи на 15 јануари 2011 година во моментот кога газдата ја отварал менувачницата. Рамиз и Ведат предходно се договориле да го убијата Петрушевски за да му ги одземат парите, по што заминале да го сочекаат. Ведат бил задолжен да внимава кога ќе дојде кога Петрушевски, а Рамиз да пука во него. Во 6.55 часот, газдата ја отворил менувачницата, а потоа се вратил да ја земе торбата од колата. Кога со парите тргнал назад, Рамиз, кој бил сокриен помеѓу околните дуќани, без никој да го види, од пиштол испукал три куршуми кон Бранко и со два го погодил во пределот на градите. Повредениот паднал на земја, по што тој му ја одзел чантата со парите и побегнал. Во ташната имало 13.083 американски евра, 5840 швајцарски франци, 21.225 евра, 500 дански круни, 1500 шведски круни, 250 австралиски долари, 260 англиски фунти и 371.180 денари.
Полицијата истиот ден го уапси Рамиз, а наредниот ден и Ведат. Два дена потоа парите беа пронајдени под надвозник во населбата Бедиње. (Вест)