Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна реконструкцијата на регионалниот пат Долно Којнаре - Табановце - Сопот во должина од 8 километри.
Овој пат го поврзува регионот, односно селата Горно Којнаре, Четирце, Сопот, Вујиновиќ, со граничниот премин и со Куманово. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, кажа дека реконструкцијата на овој пат е прва по 35 години.
„Благодарение на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев и поддршката од нашиот министер Оливер Спасовски се вложува во Куманово и кумановската инфраструктура, со цел полесно и побезбедно поврзување како допринос за поголем економски раст. Ќе продлжиме и понатаму активно да дејствуваме, секаде каде што има потреба од санација, реконструкција и инвестиција во градот“, изјави Костовски, кој денеска изврши увид во градежните работи на терен.
Проектот се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта, а градежите работи ги изведува Македонија пат.