×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По барање на изведувачот и надзорот затворен е мостот на Пчиња, надлежните најавуваат алтернативно решение за нормално одвивање на сообраќајот

    24.07.2021 12:15 | Сузана Николиќ

    По барање на Надзорниот орган и изведувачот на работите фирмата Синтек Инженеринг ДООЕЛ, Министерството за транспорт и врски  и МВР, издале дозвола за целосно затворање на мостот во времетраење од 100 дена, изјави портпаролот Кире Коцевски, на нашето прашање, која е причината за затворање на мостот на реката Пчиња, на магистралниот пат Куманово - Свети Николе.

    По барање на изведувачот и надзорот затворен е мостот на Пчиња, надлежните најавуваат алтернативно решение за нормално одвивање на сообраќајот

    „Затворањето е предвидено со проектот за реконструкција на мостот. Изведувачот прво работеше на долниот строј, сега на годниот дел и затоа мостот мораше да се затвори. Дали се работи за попуштање на некој од столбовите не можам да ви кажам, бидејќи станува збор за стар мост и се прави негова реконструкција, со тоа се отстрануваат сите недостатоци“, кажа Коцевски.

    Тој додаде дека се свесни за револтот на граѓаните, поради тоа што ненајавено беше затворен мостот, но најави дека ќе се најдат алтернативни решенија за нормално одвивање на сообраќајот. 

    Mостот на реката Пчиња во селото Доброшане на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кој веќе една година се реконструира, од вчера е забранет за сообраќај. На коловозот е поставена светлосна сигнализација за забрана за движење, а на двете страни на мостот истурена е ризла која спречува возилата да поминуваат.