По десетина минути се чека на граничниот премин Табановце
17.07.2013 11:02
| KumanovoNews
Од Авто мото сојузот на Македонија велат дека на граничниот премин Табановце нема застој и за процедурите за влез и излез од земјава се чека по десетина минути.

Утрово нема некоја зголемена феквенција. Денеска сме среда, а поголем број на возила обично има во петок попладне и за викенди. Последниот викенд беше исклучок. Исто ако се погоди продолжен викенд со празник споен, тогаш се создава метеж на граница - велат од АМСМ.
Тие објаснуваат дека летово не е забележан поголем метеж, а поголема фреквенција на патници најверојатно ќе има за Илинден.