×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови два случаи на ХИВ/СИДА во Куманово и Крива Паланка

    01.12.2022 16:11 | Оливера Пешевска

     Од почетокот на годината во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово регистрирани се два нови случаи на новозаразени од ХИВ/СИДА. Новоинфицираните се од Куманово и Крива Паланка.

    Нови два случаи на ХИВ/СИДА во Куманово и Крива Паланка

     „Од 1987 година до сега регистрирани се 28 случаи, од кои 18 се ХИВ позитивни, а 10 случаи се со СИДА. Од нив 23 се мажи и 5 се жени. Од 1999 година наваму има починато 5 лица. Во моментот со ХИВ/СИДА има 23 лица“, изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог од ЦЈЗ Куманово.

    Според возраста најзастапена група се луѓето на 35-39 години, а според начинот на заразување најесто 14 се со хомосексуални контакти и 11 со хетеросексуални контакти.

    На ниво на државата има 36 новозаразени, од кои 6 се веќе СИДА и 30 лица на ХИВ инфекција. Во статистиката влегуваат и 4 починати лица.

    Во Центарот за јавно здраве функционира советувалиште за доброволно и доверливо ХИВ тестирање и советување.

    „Во изминатите над 20 год секоја година имаме по повеќе од 100 лица кои го посетуваат советувалиштето, за советување и за тестирање. За време на ковид кризата бројката беше значително помала, но сега повторно се враќа старата динамика“, потенцира д-р Стаменковска.

    Месечно за тестирање се јавуваат од 100 до 150 лица по епидемиолошки индикации, клинички тестирања, за време на бременоста, за патување. Постои и теренско ХИВ советување и тестирање, па интравенските корисници на дрога се во голем број тестирани.

    „Главно работиме на едукација и советување, а голем удел има и невладиниот сектор во тој сегмент. Подигната е свеста кај новите генерации, има помалку ризично однесување благодарение на овие мерки“, вели Стаменковска.  

    Во државата уште постои општествената стигма за ХИВ позитивните, па многумина тестирањата ги прават во Скопје, на приватните клиники или во странство. Затоа многумина  и не влегуваат во официјалната статистика, па се стравува дека бројката е поголема. 

    Епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Куманово ја следи состојбата со инфекцијата на ХИВ/СИДА на подрачјето на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце.