×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По полноќ бензинот од 98 октани ќе биде поскап за 2 денари

    28.10.2022 12:50 | Сузана Николиќ

    Од вечерва по полноќ за 2 денари по литар ќе се зголеми цената на бензинот од 98 октани. Цените на останатите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. 

    По полноќ бензинот од 98 октани ќе биде поскап за 2 денари

    Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

    Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

    Од 29.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар)
    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)
    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)