„По трагите на фотографијата“ - изложба во Уметничката галерија во Куманово

14.09.2021 21:32 | Сузана Николиќ

Во просториите на Уметничката галерија утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата „По трагите на фотографијата“. 

„По трагите на фотографијата“ - изложба во Уметничката галерија во Куманово

На изложбата ќе бидат презентирани 200 црно-бели фотографии од збирката на фотографии од Музеј -  Куманово, кои претставуваат значаен културно-историски артефакт и обработуват етнолошка тематика. 

Автор на изложбата е Валентина Илиевска, виш кустос етнолог при НУ Музеј - Куманово.

Изложбата ќе беде отворена за посетителите до 30 септември со почитување на сите протоколи.

(фото архива)

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk