×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина новинарот и хроничар на Куманово Димитар Масевски

    19.04.2021 07:55 | KumanovoNews

    Новинарот и публицист Димитaр Масевски,  почина вчера на 73-годишна возраст, по кратко боледување како последица на коронавирус.

    Почина новинарот и хроничар на Куманово Димитар Масевски

    Роден е во Куманово 1947 година. По завршувањето на гимназијата се запишува на Филозовскиот факултет во Скопје- група историја, каде што дипломирал во 1972 горина. Работел во Архивот на Куманово 13 години, од кои 10 бил директор. Од 1986 до 1999 година е работно ангажиран за директор и главен и одговорен уредник на „Наш Весник“ и Радио-телевизија Куманово.

    Автор е на повеќе публикации од историјата на Куманово и кумановско, монографии, како и серија на новинарски текстови поврзани со минатото на македонскиот народ. Еден е од уредниците на „Спомен зборникот на загинатите борци и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и кумановско 1941 - 1945“, како и Зборникот на документи на „Куманово и кумановско во НОБ 1941 и 1942“ и други. Исто така има објавено повеќе стручни трудови од областа на архивистиката, како и текстови во Списанието за литература, култура, наука  и општествени прашања беседа, на кое во еден период беше и главен уредник.

    Во 1996 година непосредно учествува во издавањето и е еден од авторите на првото издание на монографскиот труд за Куманово - Прилози за изучување на неговотот минато од праисторијата до денес. Во изминатите две децении оваа монографија има неколку дополнување и реизданија.  

    Од 2002 година е претдседател на Друштвото за наука и култура Парадигма во Куманово, кое го издаваше списението „Корени“. Последна негова книга беше „Сјајот од минатите времиња“, во која се објавени текстови на повеќе автори за страта градска архитектура во Куманово.  

    Масевски долги години беше соработник на Порталот Кумановоњус и ја уредуваше рубриката „Ретроспектива“.

    Добитник е на две Ноемвриски награди во 1997 година и во 2019 година, како и повеќе признание за неговиот непроценлив труд и работа, како познат хроничар на Куманово.

     Погребот ќе се одржи денеска на Градските гробишта во кругот на семејството.