×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина писателот Среќко Поповски

    15.04.2021 10:41 | KumanovoNews

    На 94-годишна возраст почина Среќко Поповски, писател и еден од првите учители во Куманово и државата. Роден на 14.06.1926 година во селото Орашац. Основно училиште завршил во родното село, потоа Учителска школа во Скопје, па Педагошка академија во Врање.

    Почина писателот Среќко Поповски

    Припаѓа на редот на првите учители кои во 1944 година работеле на слободна територија во текот на НОБ, кога Куманово и Скопје не биле ослободени од окупаторот.

    Во 1947/48 година Министерството за просвета на НР Македонија го испраќа на мисија како наставник по македонски јазик и македонска историја во Пиринска Македонија. Министерството за просвета на НР Бугарија го назначува за наставник во родното село на Јане Сандански.

    За својата работа на полето на образованието, литературата и културата Среќко Поповски е одликуван со Орден на труд со сребрен венец, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда и Орден на Републиката.

    Како просветен работник во пензија, општественик и поет за неговата долгогодишна и неуморна работа на полето на детската литература, во 2003 година му е доделена Ноемвриска награда на град Куманово.

    Има добиено повеќе дипломи и благодарници. Свои песни објавувал во повеќе републички и југословенски списанија, листови и весници за деца. Работниот век како наставник им го посветил на најмладите. Неговата хумористичко обоена поезија е наменета за децата од помладата училишта возраст.

     Основач e на Друштвото на писатели во Куманово.

     Негови објавени дела се: „Виделина“, „Миланела“, „За Анка 101 гатанка“, „Азбучни песни“, „Светулка“, „Утро“, „Гоце Делчев“, „Гатанки и прашанки“, „Светот на животните“, „Карпош Кумановскиот крал“; „Златна рипка“, „За Јасна 101 Басна“, „Итар Пејо – Мариовски“, „На Тумба кај четири бандери“, „Нашето виножито“, „Огледалце“ и многу други.

    Погребот на Поповски ќе биде денеска од 15 часот на Градските гробишта во Куманово.