Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во прва година запишани се 62 студенти, а до крај на месецот можат да се пријават уште четириесетина студенти, колку што е предвидено со квотата.
Редовните студенти во “Еуро колеџ“ Куманово денеска почнаа со предавања. На почетокот на деветтата по ред академска година од оваа високо образовна институција велат дека се задоволни од интересот на студентите. Последниве две години ги оценуваат како најуспешни.
Што се однесува до прва година имаме 62 запишани, а до крај на месецот планираме да ги запишеме сите 100 студенти, колку што ни е квотата. Остатокот, студентите од Дубаи, ќе бидат запишани при крајот на октомври. Странските студенти не влегуваат во квотата на запишани. Ние имаме 100 студенти само од Македонија. Уписот е на ниво на минатата година, која за нас беше најуспешна. Три години по ред даваме по пет школарини на бранители. Секоја година од три до пет деца без родители исто така добиваат школарина, зависно колку ќе се пријават. Тоа го реализираме во соработка со Домот за деца без родители “11 Октомври“ од Скопје - вели Љубиша Петрушевски, декан на “Еуро колеџ“.
Пред шест месеци се избираше мис и мистер од средните училишта во градот, а оние ученици кои ги добија титулите се наградени со школарини. Меѓу вонредните студенти најбројни се нашите сограѓани кои работат во Авганистан и повозрасните луѓе кои се вработени, но за одредена работна позиција им треба дообразување.