Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кумановското село Клечовце денеска започна изградбата на гасоводот, која е дел од проектот за изградба на Национален гасоводен систем на Македонија.
Првиот дел од гасоводот во должина од 61 км ќе го гради руската компанија “Стројтрансгас“. Проектот чини 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг.
“Она што долги години се зборуваше, она што од многумина се ветуваше, денес почнува да станува реалност. Оваа делница е првата изградба што ќе овозможи натамошен продор и ширење на целата гасоводна мрежа низ државата. Според планираното ќе бидат поврзани сите поголеми места со што гасот ќе стане достапен насекаде низ државата, - истакна премиерот Никола Груевски, пренесува МИА.
Приклучувањето на гасот во општините ќе започне следната година, а до 2022 година ќе биде гасифицирана целата држава .
На почнувањето на градежните работи во Клечовце, покрај премиерот присуствуваа и министрите Зоран Ставрески и Миле Јанакиески.
(Фото: Курир)