×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна пријавувањето за Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“

    12.12.2022 12:32 | Сузана Николиќ

    Oд денеска до крајот на март ќе трае пријавувањето за петиот Фестивалот на кратoк филм, ФИЛМАЈ, кој го организира од фото-кино клуб „Козјак” – Куманово.

    Почна пријавувањето за Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“

    Кратките играни филмови треба да трајат до 20 минути и да се изработени во периодот по 01.01.2021. Пријавувањето е до 31 март 2023 година преку платформите FilmFreeway и Festhome. 

    „Филмовите може да конкурираат за награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, награда “Koзјак” за најдобрo сценарио и награда "ФИЛМАЈ" за најдобар краток филм. Македонските (домашни) филмови може да конкурираат за награда за најдобар македонски филм, а може да се пријават во меѓународна конкуренција за горенаведените награди“, соопштуваат организаторите.

    Фестивалот е планирано да се одржи во две последователни вечери на локација на отворено во Куманово во мај 2023 година.

    Претходница на главната фестивалска вечер ќе биде проекциска ревија на филмови од претходните изданија на ФИЛМАЈ, како и промоции на книги со филмска тематика од македонски автори.