Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска започна новата учебна година за 12.500 ученици во 16 основни училишта и за 6.500 средношколци во Куманово.
Во училиштните клупи денска за првпат ќе седнат 1500 првачиња за кои беше организиран свечен прием. Училиштата се подготвени за стартот на учебната година е оценка на надлежните од општина Куманово.
"Годинава имаме успешен почеток на учебната година, и се надеваме дека без проблеми ќе тече и понатаму. "-вели Миле Стојменовиќ, раководител на секторот за образование при општина Куманово.
Општината Куманово ја завршила и обврската за доставување на списоците на вработените во образовниот процес кои што имаат над две години работен стаж за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време
"Доставивме списоци за 210 вработени во кумановските училишта во јули,почитувајќи ја одлуката на соодветното министертво"- додава Стојменовиќ.
Новата учебна година за околу 210.000 основци и 90 илјади средношколци во државата.