Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почна вадење на дозволи за собирање на шумски плодови во “Шумско стопанство“.
Од почетокот на годинава само еден граѓанин извадил дозвола, а во март и април се очекува поголема навалица за дозволи.
“Еден граѓанин извади дозвола за собирање на шумски плодови за свои потреби. Штом времето ќе се затопли, ќе излезат печурки и чаеви, тогаш и интересот за вадење дозволи интензивно се зголемува. Некои луѓе берат чаеви и печурки за себе, а некои за откуп. Дозволите за една календарска година чинат 400 денари, исто како и лани“ - вели Ленка Јанковска, самостоен референт во “Шумско стопанство“.
Лани над 50 граѓани извадиле дозволи за собирање на шумски плодови.