×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Куманово

    26.12.2022 15:59 | Оливера Пешевска

     По осми пат во Куманово ќе се одржи детската бадникова поворка, која го најавува Христовото раѓање. Поворката ќе тргне од Соборниот храм „Свети Никола“ и ќе помине низ улиците во централното градско подрачје, по што прославата ќе се одржи на Градскиот плоштад, каде дечињата ќе ги пречека изненадување.

    Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Куманово

    „По пауза од две години, поради состојбата со корона вирусот, се трудиме да ги вратиме Бадниковите поворки во стариот сјај. Изработивме витлеемски ѕвездички, планирани се и две проби со дечињата, а се подготвуваат и бадниковите колачиња. Поставена е и витлеемската пештера во поранешниот „Касапски круг“, изјави Ана Денковиќ, координатор на здружението „Бадникови поворки“.

    Во организацијата на бадниковата поворка учествува и хуманитарната организација „Крепост“.

    „За првпат организираме заедничка хуманитарна акција за собирање на парични средства и новогодишни пакетчиња за најмалите. Досега е реализирана една акција, а во среда ќе донираме пакетчиња на дечињата од училиштето во селот Бајловце“, изјави Марко Андевски од  „Крепост“.

    Во Куманово има поставено 15 пункта каде може да се донира. Сите прилози можат да се достават најдоцна до 30 декември, а донациите ќе се поделат на социјално загрозени семејства и деца во социјален ризик.

    Бадниковите поворки е национално здружение кое опстојува во 40 градови во Македонија и во сите нив ќе се одржат таквите детски поворки. Под закрила се на МПЦ-ОА и на монашкото братство од Бигорскиот манастир.