Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основните и средни ученици започнаа со изработка на маски за кумановскиот маскенбал “Батко Ѓорѓија“ кој се оддржува во месец мај.
И на кумановскиот мскенбал ќе учествува групната маска “Лазарици“ со која се претставивме во Струмица. Инаку како и секоја година, училиштата ќе изработат посебна маска со која ќе се претстават. Учениците активно се вклучени во нивно изработување, сами ги шијат, помагаат околу шминката. Учениците се многу оригинални, имаат осет како треба да изгледаат маските. Се инспирираат од ликови од филмови, серии. Подготвуваат и кореографија за да целиот настап изгледа убаво - вели Сузана Стошиќ, професор по хемија во “Киро Бурназ“.
Маските за учество на маскембалот “Батко Ѓорѓија“ училиштата ги пријавуваат во Општина Куманово.