Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Руска компанија од утре ќе почне да го гради гасоводот Клечовце-Штип.
Овој проект не е дел од Турскиот поток туку ќе биде приклучен на постојниот гасовод во Македонија.
Рокот на изградба е нешто повеќе од една година, односно треба да заврши до јуни 2016 година. За изведба на гасоводот прдвидено е да се издвојат 75 милиони долари, од кои Македонија е должна да обезбеди 15 милиони долари, а остатокот ќе се покрие со намирување на рускиот клириншки долг кон земјава.
Со гасовод треба да бидат поврзани и Кавадарци, Прилеп, Битола Тетово и Гостивар.