Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во 16 часот и 57 минути, а во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.
Денес денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.
На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 35 степени.