×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнува меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“

    04.08.2023 08:46 | Оливера Пешевска

    Денеска започнува меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“, која ќе се одржи комплексот Етно село „Тимчевски“ во Куманово. 

    Почнува меѓународната  ликовна колонија „Куманово 2023“

    На колонијата, на слободна тема ќе творат 12 академски сликари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Турција.

    „Работната атмосфера на колонијата ќе се разбие со подготвени, рекреативни активности за учесниците. Тие ќе имаат можност да посетат повеќе културно-историски споменици во Куманово и околината“, објаснува Драгана Спасовска од Музеј Куманово.

    На уметничката колонија ќе учествуваат: Антониа Јонеску од Романија, Емине Токмакје и Гонца Карапинар од Турција, Соња Спироска Отојич, Ирина Церњански Шантрич, Оливера Протиќ, Стефан Јакимовски, Стефан Младеновски, Марта Патлиџанковска, Миљан Миленкович, Дарко Трајковски и Милован Паниќ.

    Колонијата ќе трае до 11 август. Организатори се Музеј Куманово и Фондацијата за култура и спорт, со поддршка на Министерството за култура и Советот на Општина Куманово во висина од 200 илјади денари.