×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

    06.07.2022 13:54 | Жаклина Цветковска

    Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19. 

    Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19 Фото: commons.wikimedia.org

    Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. 

    Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.  

    Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.  

    Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет.