Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска почнуваат пензионерските спортски натпревари на локално ниво.
Пензионерите ќе бираат најдобри атлетичари, шахисти, стрелачи, домино играчи.
Попладне ни е првиот натпревар во просториите на Дом на пензионери. Утре има игри во нашите простории. Натпреварите траат се до сабота кога одиме на спортскиот терен во техничкото училиште “Наце Буѓони“ каде ќе се натпреваруваме во атлетски дисциплини. Досега се покажа дека пензионерите најдобри се во атлетика и не случајно освојуваме награди - вели Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пензионери Куманово.
Најдобрите кумановски пензионери ќе учествуваат на 18- от регионален спортски натпревар кој на 1 јуни ќе се оддржи во Кратово, а државниот натпревар е закажан за септември и ќе се оддржи во Штип.