Почувствуван земјотрес помеѓу Свети Николе и Штип
29.03.2023 11:15
| Сузана Николиќ
Земјотрес со јачина од три степени утрово е регистриран помеѓу градовите Свети Николе и Штип.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран на 72 км источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 2.41 часот со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината“, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.