Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комерцијална банка - Филијала Куманово, по повод Денот на штедењето го посети Гинеколошко- акушерското одделение во Општа болница Куманово, и додели штедни книшки „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари за четири бебињата родени на 31 октомври.
„Со оваа мисија Комерцијална банка, на своја огромна радост, дава придонес за подобра и посреќна иднина на децата и го поттикнува штедењето уште од најмала возраст. А, им помага и на родителите да го наметнат значењето на штедењето како важна животна вредност за нивните деца. Штедните книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка не се само обичен подарок – тие се симбол на вербата дека секое дете заслужува сигурна иднина и поддршка во реализација на своите соништа. Отворањето штедна книшка за новороденчињата е еден мал чекор во градењето култура на штедење и одговорност кон финансиската сигурност“, изјави Маја Ѓеорѓиевска, директорка на Филијалата во Куманово.
Штедењето од најмала возраст е една од највредните лекции кои можеме да ги пренесеме на следните генерации. Затоа „Верверичката“ на Комерцијална банка заедно со родителите веќе две децении гради подобра иднина за нашите деца.
(ПР текст)