Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Државната изборна комисија се поднесени 17 кандидатски листи за парламентарните избори, закажани за 8 мај, годинава.
За сите шест изборни единици кандитатски листи поднеле 13 партии или коалиции: Коалицијата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Европскиот фронт на ДУИ и коалицијата Вреди на „Беса“. Самостојно настапуваат: Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Политичка партија Родина, Работничка партија, Храбро за македонија - ГРОМ, Македонска ера – Трети суверенисти, Левица, Политичка партија Демократи, Политичка партија Единствена Македонија и партијата Десна.
Уште 4 листи се поднесени од политички партии или група избирачи, само во одредени изборни единици. За првата, втората, третата и четвртата изборна единица листа поднеле политичките партии Твоја и Нова Алтернатива. Политичката партија Аваја поднесе кандидатски листи за третата, четвртата, тетатта и шестата изборна единица.
Ова ќе бидат единаесетти повеќепартиски, парламетарни избори во Македонија, кога од шест изборни единици ќе се добијат по 20 пратеници. Досега партиите ги промовираа носителите на листи за пратеници, како и програмите за парламентарните избори.
Редоследот на гласачкото ливче на коалициите и партиите кои имаат свои претседателски кандидати ќе биде ист како и за претседателските избори, , додека за останатите партии ќе се изврши дополнително жребување во Државната изборна комисија.
ДИК вчера на седница го заклучи и Избирачкиот список за парламентарните и за претседателските избори. Во Избирачкиот список за парламентарните избори запишани се 1.815.350 избирачи.