×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подобрено е изнесувањето на сметот во приградските населби, сметаат советниците

    02.04.2021 07:38 | KumanovoNews

    Дел од советниците на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово ја пофали работата на ЈП „Чистота и зеленило“, во однос на изнесувањето на сметот во приградските населби.

    Подобрено е изнесувањето на сметот во приградските населби, сметаат советниците

    Тие тврдат дека по реакциите на надлежните преземни се мерки, со кои е подобрена хигиената во овие населени места.

    „Јас како советник којшто доаѓа од приградска населба, на предходните седници укажав дека има забелешки од граѓаните во однос на редовноста на изнесувањето на сметот, заедно со колегата Сашо Стошевски реагиравме до директорката и службите. Сега морам да ги пофалам дека има напредок во однос на услугите што ги нудат на нашите граѓани. Дури се пофалени за разбирањето при собирање на кабастиот отпад, она што не е во доменот на работа на ова претпријатие“, кажа советничката Соња Тодоровска од СДСМ.

    Таа смета дека подобрувањето на собирањето на сметот во приградските населби и во градот е резултат на подобрениот возен парк и реорганизација на вработените.

    Со заклучокот на Тодоровска се согласија и советниците Самет Салиевски и Миле Андоновски, кои сметаат дека градот е почист во последната година, благодарение на ангажирањето на вработените, кои ја вршат најтешката работа, бидејќи граѓаните се неодговорни во однос на јавната чистота и го фрлаат ѓубрето на несоодветни места.

    Директорката на ЈП „Чистота и зеленило“ Цветанка Ивановска, кажа дека со набавката на новите камиони за собирање на смет со помала запремнина, дополнително ќе се зголеми ефиксаноста на сервисирање на сметот во тесните улички во приградските населби и селата.

    (С.Н.)