Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Борба против криминалот и корупцијата, квалитетна ресоцијализација на осудените лица и подобрување на условите за работа и за престој во Казнено-поправната установа затвор „Куманово“ со отворено одделение Крива Паланка, најави новиот директор Оливер Цветковски, при преземањето функцијата во затвор К`шање.
„Самото именување за в.д. директор на КПУ Затвор Куманово претставува чест и одговорност, но пред се голема обврска, бидејќи станува збор за една комплексна институција. Она за што максимално ќе се заложам во иднина е борбата против криминалот и корупцијата кои се нотирани во сите извештаи, како домашни така и странски. Ќе работиме на ресоцијализација на осудените лица, бидејќи во последно време енормно е зголемен број на извршители на кривични дела кои се на викенд, одмор, или брзо по издржување на казната се сторители на нови кривични дела. Секако, дека приоритет ќе биде и подобрување на условите за работа и подобрување на условите за престој на осудените лица“, изјави Цветковски.
Цветковски ја презеде функцијата од досегашниот директор Ненад Цветковиќ.